euprava.gov.rs

Добредојдовте на

Овде можете да дознаете повеќе за регионалната иницијатива Отворен Балкан и услугите достапни во рамките на оваа иницијатива.

Целта на Отворен Балкан

Отворен Балкан е регионална иницијатива на Република Србија, Република Албанија и Република Северна Македонија за формирање економска зона, со цел зголемување на трговијата и соработката и подобрување на меѓусебните билатерални односи. Договорите потпишани во Тирана на 21 декември 2021 година имаат за цел да ги отстранат бариерите кои ја попречуваат трговијата и слободното движење на луѓето и да овозможат користење на електронски услуги во рамките на самата иницијатива.

Во контекст на користењето на електронските услуги, засега издвојуваме две услуги:

1. Мојот индетификациски број на Отворен Балкан како услуга наменета за граѓаните на Република Србија. Добивањето на идентификацискиот број на Отворен Балкан ви овозможува користење на електронските услуги во рамките на иницијативата Отворен Балкан на официјалните електронски административни портали на Република Албанија и Република Северна Македонија, со користење на вашиот електронски идентитет на порталор еВлада.

2. Одобрение за слободен пристап до пазарот на трудот како услуга наменета за граѓаните на Република Албанија и Република Северна Македонија кои имаат идентификациски број на Отворен Балкан.

За да ги остварувате вашите права и да ги користите услугите што ви се достапни во рамките на оваа иницијатива, активирајте го вашиот идентификациски бројна Отворен Балкан.

Услуги за државјаните на Република Србија

Идентификациски број на Отворен Балкан

Доколку имате електронски идентитет на порталот еВлада, можете самостојно да го креирате вашиот идентификациски број на Отворен Балкан (ИД ОБ).

Слободен пристап до пазарот на трудот

Услуга за граѓаните на Република Албанија и Република Северна Македонија

Слободен пристап до пазарот на трудот

Поднесете барање за Одобрение за слободен пристап до пазарот на трудот во Република Србија.

Врх стране

Обавештење о колачићима

Портал еУправа користи "колачиће" (енг. "cookies"). Неопходни колачићи омогућавају да се садржај страница прилагоди потребама корисника. Аналитички колачићи се користе за анализу коришћења услуга у циљу унапређења корисничког искуства.

Kликом на "Прихватам" дајете сагласност за коришћење колачића у сврхе наведене испод. Подешавања колачића можете променити у било ком тренутку.